Хуманитарна ревија на „Киненова“ започнува вечерва со босанскиот „Мажите не плачат“

Со филмот „Мажите не плачат“ во режија на Ален Дрљевиќ вечерва во 20 часот во „Киноверзум“ во Кисела Вода, Скопке, почнува ревијата филмови од минатите изданија на фестивалот „Киненова“.  Приходот од влезниците е наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Босанско-херцеговскиот филм е снимен во 2017 година, а улогите ги толкуваат: Борис Исаковиќ, Леон Лучев, Емир Хаџихафизбеговиќ.

Ревијата филмови ќе се организира до 3 април во истиот термин од 20 часот.

-По најголемата трагедија во поновата македонска историја, ние како фестивалски тим одлучивме дека програмата која требаше да биде само наговестување за 10. јубилејно издание на МФФ „Киненова“, да им ја посветиме на настраданите во големата несреќа во Кочани со давање хуманитарен карактер на истата. Колкава и да е таа капка на материјална и духовна поддршка за блиските на настраданите, сакаме да пробаме да придонесеме кон влевањето на надеж и да покажеме минимум одговорност, но во исто време и со иста љубов да оддадеме длабока почит за оние невини души кои ги загубија животите и оние кои го жртвуваа својот за да ги спасат животите на останатите. Во таа насока ве повикуваме вас, драга публико, вие добронамерници со големи и благородни срца, да ги посетите проекциите на филмовите кои внимателно ги одбравме и обезбедивме, а кои се дел од најистакнатите и наградени филмови на минатите изданија на КИНЕНОВА и со вашето присуство и купената влезница да придонесете во оваа наша мисија – велат од фестивалот.

Ова е програмата за наредните денови:

31 март (ПОНЕДЕЛНИК) 20ч

ХОТЕЛ ПУЛА (Hotel Pula) на Андреј Коровљев
ХРВАТСКА, 2023 / 95мин.

Режија: Андреј Коровљев
Улоги: Ермин Браво, Ника Грбеља и др.

1 април 20:15ч. (ВТОРНИК)

КАФУЛЕ (Café)
ИРАН / 2023 / 93мин.

Сценарио и режија: Навид Михандуст (Navid Mihandoust)
Улоги: Масуд Карамати, Маса Маџур, Сетаре Малеки

2 април, 20:15ч. (СРЕДА)

ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО (Behind The Haystacks)
ГРЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, Н.МАКЕДОНИЈА / 2022 / 1Ч 59мин.

Режија: Асимина Проедру
Улоги: Статис Стамулакатос, Елени Узуниду, Евгенија Лавда, Нино Леви

3 април, 20:15ч. (ЧЕТВРТОК)

НА СЕ’ ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈ (It All Ends Here)
Хрватска, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција, Бугарија / 2024 / 89мин.

Режисер: Рајко Грлиќ
Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мирослав Крлежа
Улоги: Jелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ,Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски

Сподели