„Ден на франкофонските култури“ се насловени низа училишните активности што ќе се одржат денеска во 11 часот во скопското основно училиште „Киро Глигоров“. Целта на интерактивните штандови е да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика. Настанот ќе го отворат францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Настанот го организираат Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар, а учествуваат училиштата: Димитар Миладинов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Гоце Делчев, 11 Октомври, Јохан Хајнрих Песталоци, Св. Кирил и Методиј и Киро Глигоров.





