„Ден на франкофонските култури“ во скопското основно училиште „Киро Глигоров“

„Ден на франкофонските култури“ се насловени низа училишните активности што ќе се одржат денеска во 11 часот во скопското основно училиште „Киро Глигоров“. Целта на интерактивните штандови е да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика. Настанот ќе го отворат францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Настанот го организираат Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар, а учествуваат училиштата: Димитар Миладинов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Гоце Делчев, 11 Октомври, Јохан Хајнрих Песталоци, Св. Кирил и Методиј и Киро Глигоров.

Сподели