Македонија има доволни количини од сите крвни групи

Македонија располага со доволни количини на безбедна крв и крвни компоненти од сите крвни групи, соопшти Институт за трансфузиона медицина. Тие го повторија официјалното соопштение првично објавено минатата недела кога изразија длабоко сочувство за трагичната несреќа во Кочани.

– Ги замолуваме граѓаните, порталите и медиумите да не објавуваат невистинити информации кои поради сензитивноста на состојбата прават нарушување на годишниот интегрален план за крводарување. Благодарение на континуираната поддршка од хуманите крводарители, нашата институција успешно ги задоволува барањата за сите пациенти вклучувајќи и потреба од крвни продукти за настраданите – соопштија од Институтот.

Фото: Институт за трансфузиона медицина

Сподели