Одложени концертите на Профундис, Националниот џез оркестар, Здравко Чолиќ…

Националниот џез оркестар го одложи концертот на португалската пејачка Мариа Мендес, што беше закажан за наредната недела, на 25 март. Концертот се одлага поради големата трагедија што ја потресе целата земја. Новиот датум ќе биде дополнително најавен, велат од Оркестарот. Средствата за купените билети ќе бидат рефундирани преку MKTickets на сметка.

И популарниот поп пејач Здравко Чолиќ ги откажа сите три концерти кои беа закажани за неделава, односно на 18, 19 и 21 март.

-Ве замолуваме пред се да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество, а во престојните денови ќе објавиме повеќе информации за овие концерти“, велат од МК Тикетс.

И концертот Candlelight: Timeless на камерниот оркестар „Профундис“, закажан за 22 март, се откажа поради трагичниот настан во Кочани што ја потресе Македонија.

Во овие моменти на жалост и тага, нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените. Изразуваме искрено сочувство и длабока солидарност со сите погодени од оваа трагедија. Сите купени билети за концертот ќе бидат рефундирани. Информации за новиот датум ќе бидат објавени дополнително, велат организаторите.

Откажан е и стартот на Деновите на македонската музика, во организација на Сојузот на композиторите. Манифестацијата требаше да започне синоќа, а и концертот на квинтетот Phil Harmonics 5 е откажан.

 

Сподели