Со голем ентузијазам и воодушевување, вчера во Националната опера и балет успешно заврши првата проба на легендарниот Пласидо Доминго со оркестарот на НОБ. Во исклучително инспиративна атмосфера, маестро Доминго ја покажа својата врвна уметност и посветеност, а оркестарот, инспириран од неговото присуство, одговори со извонредна прецизност и емоција, создавајќи атмосфера што го најавува она што ќе биде еден од дефинитивно најспектакуларните концерти во историјата на македонската музичка сцена, велат од Pragma Music Entertainment, кои заедно со Националната опера и балет се организатори на концертот закажан за утревечер во 21 часот во Арената „Борис Трајковски“.

-Првата проба не беше само подготовка – беше уметничка експлозија што ги надмина сите очекувања. Големото музичко финале се приближува – Македонијо, подготви се за ноќ што ќе се памети! – велат организаторите.

Шпанската музичка легенда на концертот во Скопје ќе настапи заедно со италијанската сопранистка Марија Жосе Сири, а ќе диригира Жорди Бернасер од Шпанија.






