Во „Вингс“ веруваме дека секое дете има право на образование кое ја развива љубопитноста, креативноста и интелектуалниот потенцијал

Во „Вингс“ применуваме холистички пристап на работа, односно се фокусираме на целокупниот развој на детето земајќи ги предвид сите аспекти од развојот на детето – физички, емоционален, социјален и интелектуален развој. Програмата е дизајнирана да ги подготви децата за успешен премин во основното образование, развивајќи основни вештини и знаења – вели Наташа Димитровска, директорка на градинката „Вингс“

Наставата во градинката „Вингс“ (сместена на ул. Миле Поп Јорданов 44) во Скопје е внимателно организирана за да обезбеди севкупен развој на децата, комбинирајќи структуриран и флексибилен пристап. Наставната организација е насочена кон обезбедување сеопфатно и пријатно искуство за децата, кое ги подготвува за понатамошните предизвици во животот. Програмите и активностите се дизајнирани да одговараат на потребите и интересите на децата, овозможувајќи им да учат на свој начин и во свое темпо – вели Наташа Димитровска, директорка на градинката „Вингс“ во Скопје. Пријатно место исполнето со многу љубов е оваа градинка што постои една година и функционира по сите светски стандарди. Со Димитровска разговараме за се што нуди оваа градинка, врз каква филозофија е базирана и што ја одвојува од другите градинки.

Колку време постои „Вингс“? Која е филозофијата што стои позади оваа градинка?

-Интернационална градинка „Вингс“ е нова градинка која започна со работа од септември 2024 година, опремена со најсовремени едукативни и дидактички материјали, играчки и врвни прочитувачи за воздух и филтер за прочистување на вода со реверзна осмоза. Филозофијата на Интернационалната градинка „Вингс“ се базира на почитта кон индивидуалноста и уникатноста на секое дете. Во „Вингс“ веруваме дека секое дете има право на образование кое ја развива неговата љубопитност, креативност и интелектуален потенцијал. Програмите за работа се дизајнирани да се адаптираат на различни стилови на учење и индивидуалните потреби на децата. Во таа смисла „Вингс“ нуди средина која е безбедна, поддржувачка и охрабрувачка, поттикнувајќи ги децата да ги изразат своите идеии и мисли на креативен начин.

Наташа Димитровска

Зошто еден родител треба да го запише своето дете во „Вингс“?

– Интернационална градинка „Вингс“ нуди безбедна и чиста средина каде што децата можат да учат и играат без грижа. Во „Вингс“ применуваме холистички пристап на работа, односно се фокусираме на целокупниот развој на детето земајќи ги предвид сите аспекти од развојот на детето – физички, емоционален, социјален и интелектуален развој. Програмата е дизајнирана да ги подготви децата за успешен премин во основното образование, развивајќи основни вештини и знаења. Таа вклучува најразлични активности што ги поттикнуваат креативноста, физичката активност и социјалните вештини на децата. Нашата програма во градинка вклучува редовни активности во природа и истражување на природата за да ги поврзе децата со природниот свет, да промовира физичка активност и да ја поттикне љубовта кон околината. Нашите учителки се високо квалификувани и посветени на грижата и едукцијата на најмладите. Тие користат интерактивни и забавни методи на учење кои ги вклучуваат децата и ги поттикнуваат да учат преку игра. Посебно го цениме партнерството со родителите и го охрабруваме вклучувањето на родителите преку отворена комуникација, семејни настани, и можности за учество во активности во училницата.

Како е организирана наставата? Како изгледа еден ден на дете што посетува градинка кај вас?

– Наставата е внимателно организирана за да обезбеди севкупен развој на децата, комбинирајќи структуриран и флексибилен пристап. Наставната организација е насочена кон обезбедување сеопфатно и пријатно искуство за децата, кое ги подготвува за понатамошните предизвици во животот. Програмите и активностите се дизајнирани да одговараат на потребите и интересите на децата, овозможувајќи им да учат на свој начин и во свое темпо. Наставната програма е согласно со Програмата за рано учење и развој за деца од 0-6 години, кој вклучува периоди на интензивно учење и активности, како и времиња за одмор и релаксација.

Денот на децата во градинка „Вингс“ е исполнет со различни активности. Утринските активности вклучуваат време за слободна игра и утринска гимнастика и јога. Потоа следуваат едукативни активности насочени кон развој на основни вештини како што се читање, математика, и природни науки. Овие активности се изведуваат преку игри, рачни работи и експерименти, со цел да се направи учењето забавно и привлечно. Исто така во различни денови имаат физичко и музичко образование и англиски јазик. На крај на денот има рефлексија за тоа што се работело и се научило тој ден. Секако помеѓу активностите се вклучени 2 оброци и 2 ужинки за децата и време за пасивен одмор/спиење.

Дали имате активности и надвор од градинката?

– Да, секако. Активностите надвор од училниците се важен дел од наставната програма. Тие помагаат во развојот на физичката активност, социјализација и љубопитноста кај децата. Активностите надвор од градинката „Вингс“ се дизајнирани да обезбедат богатство на искуства и да ги поттикнат децата да истражуваат, учат и се забавуваат во различни средини. Тие вклучуваат: посети на музеи каде децата имаат можност да посетуваат музеи каде што учат за историјата, уметноста и науката преку интерактивни изложби, екскурзии во природата, како организирани прошетки и посети на паркови, зоолошки градини и ботанички градини, каде децата учат за природата и животните во нивното природно опкружување, посети на театар и концерти каде децата имаат можност да посетуваат театарски претстави и концерти, што ги поттикнува нивните културни и уметнички интереси, учество на спортски активности за поттикнување на физичкиот развој на децата, соработка со хуманитарни организации за развивање на хуманата страна на децата и потребата за помош на другите.

Со каков кадар располагате во градинката „Вингс“?

– Вработените се срцето и душата на нашата образовна заедница. Со својот посветен и професионален пристап, тие создаваат позитивна и поттикнувачка средина за сите деца. Нашиот тим е составен од искусни професионалци со различни позадини (воспитувачи, негуватели, наставник по физичко образовани, наставник по музичко образовани, наставник по англиски јазик, специјален едукатор и рехабилитатор), кои постојано се едуцираат и развиваат нови методи на работа. Секој наставник посветува внимание на индивидуалните потреби и интереси на детето, овозможувајќи му да напредува во своето темпо. Персоналот работи заедно со родителите и децата, создавајќи поддржувачка и мотивирачка средина за учење и игра.

Тимот на градинката „Вингс“ е посветен на создавање стимулативна, безбедна и пријателска средина која им помага на децата да ги развијат своите потенцијали и да станат успешни и среќни личности.

Може да ни кажете нешто повеќе за системот за прочистување на воздух што го имате.

– Нашата градинка има врвен систем за прочистување на воздухот во просториите, системот VAIR. Системот VAIR вовлекува свеж, чист воздух во просторијата и го отстранува нечистиот, застојан воздух, што е огромна предност во споредба со собните прочистувачи кои само го циркулираат воздухот. VAIR го прочистуваат воздухот од ПМ честички, јаглерод диоксид и од разни загадувачи, алергени, вируси и бактерии, што е особено значајно за здравјето на малите деца кога сеуште градат имунитет, а истовремено обезбедува и влажност на воздухот во просториите. Исто така овозможува постојан доток на свеж воздух во просторијата без потреба од проветрување, посебно во овие зимски денови кога нивото на загаденост е високо. Да не заборавиме дека високото ниво на јаглерод диоксид може да има штетни последици врз здравјето, расположението, концентрацијата и спиењето кај децата.

Сподели