Саем на образование во „Сити мол“

На 15 и 16 март во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје ќе се одржи Саем на образование – уникатна можност за матурантите и за студентите да се информираат за своите академски и кариерни можности. Ќе се претстават државни и приватни универзитети со повеќе од 80 факултети, академии за дигитални вештини и продажба, но и компании и организации за млади. Учесниците преку презентации, интерактивни работилници, панел-дискусии и експериментални шоуа ќе ги доближат до младите најновите едукативни и професионални можности.

Посетителите ќе можат да добијат информации за стипендии, академски програми, уписни рокови, студентски поволности, како и совети за градење успешна кариера.

– Целта на настанот е да им ги обезбеди на матурантите потребните информации и ресурси, со цел да донесат информирани одлуки за нивното идно образование и кариера, додека актуелните студенти ќе имаат можност да истражуваат практики, дополнителни обуки и професионален развој, поврзувајќи се директно со универзитетите, компаниите и експертите од различни области – велат организаторите.

Дел од саемот ќе биде и Родителското катче кое ќе им обезбеди на родителите и на старателите значајни информации.

Регистрацијата за учество е во тек, а сите заинтересирани средношколци, студенти и нивните родители може да се пријават на следниов линк. Настанот го организира „Сити мол“ и „Студентарија“.

Сподели