За прв пат во живо со голем филмски оркестар на 6 април во Националната опера и балет ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски. Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One more game“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето полувреме“ и многу други. На концертот Кирил Џајковски придружуван со 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин ќе ги изведе легендарните музички теми кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања.
Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот. Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот, пред македонската публика да го претстави својот извонредно големи и значаен опус.
Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување. Картите се во продажба на MKTickets.
Овој проект се реализира со поддршка на Генералниот спонзор Комерцијална банка АД Скопје, спонзорот Зегин, а проектот е поддржан и од Министерството за култура и туризам.





