Култната словенечка група „Лајбах“, најпровокативниот музички состав и уметнички колектив со авангардна музика и револуционерни настапи, вечерва во 20 часот ќе ја претстави својата нова концертна програма базирана на култниот албум Opus Dei, првиот ремастериран албум на групата. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонија, во рамките на фестивалот „Таксират“.
– „Лајбах“ успеа да го трансформира пејзажот на современата музика со комбинирање на политичкиот дискурс со уметноста и музиката. Оригинално, албумот Opus Dei е објавен во 1987 година како прв за издавачката куќа Mute, миксиран од Рико Конинг (Wire, Pere Ubu, Swans, William Orbit) и е албум со кој „Лајбах“ стана еден од меѓународно најпризнатите бендови кои се појавиле од поранешните комунистички земји во источна и централна Европа – велат организаторите.
Концертот во Скопје е дел од светската турнеја на Opus Dei Revisited. Но, покрај материјалот од Opus Dei, „Лајбах“ ќе изведе и селекција од своите класици и одбрани песни од деценискиот опус, вклучувајќи ги и објавените пред Opus Dei.
Влезниците по цена од 1.000, 1.200 и 1.500 денари, се достапни во продажната мрежа на MkTickets и онлајн на линкот.





