„Анора“ со 5 „Оскари“, Адријан Броди, Мајки Медисон, Киеран Калкин и Зои Салдана – најдобри актери

Со пет златни статуетки, драмата „Анора“ во режија на Шон Бејкер е најголем победник на 97. церемонија на „Оскарите“. Филмот со „Пепелашка“ приказна како што го нарекуваат критичарите, се закити со награда за режија, за најдобра актерка (Мајки Медисон), за најдобар филм, оригинално сценарио и монтажа.

Најдобар актер е прогласен Адриен Броди за ликот на архитектот Ласло Тот во „Бруталист“. Наградата за најдобра споредна машка улога ја освои Киеран Калкин во „Вистинска болка“ (A Real Pain), а за споредна женска улога – Зои Салдана во „Емилија Перез“. Домаќин на церемонијата беше Конан О’Брајан.

Ова се останатите награди на 97. „Оскари“:

Најдобро адаптирано сценарио: Питер Страган („Конглава“)
Најдобра кинематографија: Лол Кроули („Бруталист“)
Најдобра сценографија: Wicked
Најдобра костимографија: Пол Тејзвел (Wicked)
Најдобар звук: „Дина: 2“
Најдобри визуелни ефекти: „Дина: 2“
Најдобра шминка и фризура: „Супстанцијата“
Најдобар анимиран филм: Flow
Најдобар стрaнски филм: „Јас сум сè уште тука“ (I’m Still Here) (Бразил)
Најдобра оригинална музика: Даниел Блумберг („Бруталист“)
Најдобра оригинална песна: El Mal („Емилија Перез“)
Најдобар документарен филм: No Other Land
Најдобар краток документарен филм: „Единственото девојче во оркестарот“ (The Only Girl in the Orchestra)
Најдобар краток филм: „Не сум робот“ (I’m Not a Robot)
Најдобар краток анимиран филм: „Во сенката на чемпресот“ (In the Shadow of the Cypress)

Сподели