На 82 година вчера почина поетот и културен работник, Благој Самоников. Роден на 7 март 1942 во Штип, тој е автор на повеќе поетски книги: „Големиот град“ (1982), „Погрешна претстава“ (1986), „Сомотска пустина“ (1993), „Книга без посвета“ (1999) „Патување за Итака“ (2005), „Вистини без искуство“ (2007), „Неизносена ведрина“ (2010), „Неприпитомена надеж“ (2012), „Отворена книга“ (2014), „Допрено време“ (2015), „Непроѕирна светлина“ (2016), „Песни за мали и големи деца“ (2018) и „Подземно виножито“ (2019).
Освен тоа, Самоников бил автор на драми: „Драми“ (1993), „Еден бакнеж“ (1999), „Патување во земјата на чудата“ (2004), како и на една збирка раскази, со наслов „Засводено време“ (2001). Бил член на ДПМ од 1989 година, а во 2010 година ја доби наградата „Ацо Шопов“, а ја добил и наградата „Живко Чинго“ за проза.
Самоников најголем дел од свјот работен век го помина во Домот на културата како директор и стручен соработник. Од 2004 до 2006 година беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Неговата работна кариера ја одбележува и заложбата Домот на културата да го добие името на втемелувачот на современата македонска поезија Ацо Шопов.





