Скопје „гореше“ под 40-те прсти на шармантните Италијани, што синоќа ја кренаа Филхармонија на нозе. Во повеќе од двочасовно шоу, составот 40 Fingers ни приреди невидено задоволство. Големи хитови – препознатливи делови од музика од филмски ремек-дела – Хари Потер, Војна на ѕвездите, па Bohemian Rapsody или Hey Jude на славните „Битлси“.

Не ù требаше многу на публиката за да соработува со членовите на 40 Fingers, пеејќи ги песните, плескајќи со дланките, а дел и танцувајќи. Заслужениот бис за публиката во Скопје се состоеше од неколку песни, италијанските музичари несебично ù се подарија на публиката.

Ви споделуваме мала фотогалерија од настапот на 40 Fingers во Скопје, во организација на Password Production.
Фото: Киро Попов / преземено од ppj.mk





