Избрана екипата за 14. Европска женска математичка олимпијада

Ученичките Антонела Владева, Илина Арсовска, Михаела Смилевска и Миша Веселински ќе ја претставуваат Македонија на 14. Европска женска математичка олимпијада што ќе се одржи од 11 до 17 април на Косово. Според пропозициите на Сојузот на математичари на Македонија, здружение што ги организира нашите учества на меѓународните олимпијади по математика, тимот беше избран на 6. Меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“ што се одржа на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во категоријата сениори, најдобри на натпреварот беа Алексиј Тасиќ и Дамјан Давков кои освоија златни медали, Леонид Тодороски, Ивано Божиновски и Бранко Јангеловски кои освоија сребро и Бодан Николов, Дамјан Стојанов, Михаил Живковиќ, Бојан Дамјановски и Филип Џамбаски кои освоија бронзени медали.

Во категоријата јуниори златни медали освоија Никола Стојковски и Филип Калкашлиев, сребрени медали освоија Андреј Тасиќ и Кирил Атанасов, а бронза освоија Валентино Атанасоски, Дијар Адеми, Теа Ангелова и Никола Зорески.

Сподели