Пријавете краток филм за „Синедејс“ 2025

Фестивалот на eвропски филм „Синедејс“ распишува конкурс за пријавување на кратки филмови што ќе бидат прикажани во рамки на MK Shorts програмата на 24. издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули 2025.

Пријавените филмови треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Истите, може да се во формат на анимиран или игран филм.
Конкурсот е отворен до 1 јуни, по кој учесниците ќе бидат информирани во најкус рок. За учество на конкурсот треба да се испрати мејл со основни податоци за филмот на е-адресата contact@cinedays.com.mk.

Сподели