„Фотографијата во Македонија се појавува во 1855 година, дваесеттина години по нејзината појава, што значи дека Македонија не доцнела многу зад развиените земји. За разлика од денес, за жал, кога Македонија доцни мног“ рече историчарот на уметност, критичар и публицист Златко Теодосиевски на промоцијата на неговата четиритомна книга „Пролегомена за македонската фотографија“ шт се одржа вчера во Културно-информативниот центар во Скопје. Историскиот развој на македонската фотографија од 1855 до 2020 година е во фокусот на енциклопедиското издание. Промоцијата ја водеше Гена Теодосиевска, а за делото зборуваа авторот, Кирил Штрков, Александар Кондев и Страхил Петровски.

Златко Теодосиевски / Фото: Маја Јаневска-Илиева, преземено од ppj.mk
Изданијата се финансирани од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес.
Низ четирите тома Теодосиевски ги следи процесите и творештвото на бројни македонски фотографи и креативните раскрилувања на македонската фотографија кај нас и нејзиното макотрпно етаблирање во редот на визуелните уметности во Македонија.

Фото: Маја Јаневска-Илиева, преземено од ppj.mk





