Промовирана „Особености на граматичката категорија преодност на глаголите во македонскиот јазик“ од Људмил Спасов

„Оваа научна книга е моја најнова, но и најстара, затоа што во основата е мојот докторат. Во тоа време тоа претставуваше на некој начин, сензација и новост во науката зашто се однесуваше на граматичката категорија преодност на глаголите. Таа е специјална за македонскиот јазик, по која се истакнува неговата посебност, затоа што ја нема во српскиот и во бугарскиот, а ја има во балканските несловенски јазици – грчкиот, албанскиот и, донекаде, во турскиот“, рече проф. д-р Људмил Спасов на промоцијата на „Особености на граматичката категорија преодност на глаголите во македонскиот јазик“ што се одржа вчера во Институтот за македонски јазик во Скопје.

Фото: Маја Јаневска-Илиева, преземено од ppj.mk

Докторската дисертација ја одбранил во 1982 година на Филолошкиот факултет, под менторство на професорите Ружа Пановска и Блаже Конески.

Фото: Маја Јаневска-Илиева, преземено од ppj.mk

Тој се заблагодари на Институтот за македонски јазик што ја објавил книгата. Објавеното дело не е еднакво со докторатот, преработено е, но ги дава најсуштествените работи. На промоцијата присутните ги поздрави проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик. Делото го промовираа проф. д-р Искра Пановска-Димкова и проф. д-р Лидија Аризанковска.

Сподели