Концерт на Раде Шербеџија на 1 февруари во Скопје

Шансониерот и актер со холивудска славаа, Раде Шербеџија на 1 февруари во Македонската филхармонија ќе гостува во Скопје со проектот „Због тебе, због себе, због других“. На репертоарот во присуство на неговиот оркестар „Западни колодвор“, ќе бидат негови класици, како „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и многу други.

Оние што некогаш присуствувале, знаат дека неговите концерти секогаш завршуваат со
бурна и емотивна разделба со публиката… поради тоа, долго и се паметат, велат организаторите од „Авалон продукција“.

По сопствена иницијатива, како своевидна покана и најава за скопскиот концерт, Шербеџија се сними како ја пее „Зајди зајди“ на зајдисонце. Целото видео можете да го погледнете.

 

Концертот е пред распродавање, а преостанатите влезници се во продажба онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

Сподели