Дарко Лешоски: Ко ќе ме опитат мене некој што ми е Вевчани, ја само се насмевјам (ВИДЕО)

Ако прашате низ Вевчани кои се работите кои најљубоморно ги чуваат ќе ви кажат најверојатно две нешта: водата и еден посебен и карактеристичен дух кој не го даваат никому. Вевчанскиот карневал, кој трае 1400 години е симбол на тој смел и независен дух на Вевчани и го брани цврстиот став дека ништо контроверзно не е надвор од границите.

Три дена, Вевчани живее како едно со карневалот, а останатите 362 дена живее за карневалот.  За одбележување на пристигањето на новата година по стариот јулијански календар, сите генерации се под маски во карневалскиот ритам и ниту еден набљудувач ниту камера не може да го пренесе наративот до крај.

Ви го пренесуваме видеото што Јуроп хаус го изработија во кој ги пренесуваат доживувањата од трите карневалски дена во Вевчани преку објективот на Томислав Георгиев и стиховите на Дарко Лешоски – „Вевчани“.

Сподели