Кредит или лизинг за нов автомобил?

Изборот помеѓу кредит и лизинг за нов автомобил зависи од вашите финансиски цели, потреби и моменталната финансиска ситуација. И двете опции, кредит и лизинг нудат различни предности и ограничувања, кои зависат од вашите финансиски цели и лични приоритети. Кредит или лизинг за нов автомобил – без разлика дали барате долгорочна сопственост или флексибилност за честа промена на возилото, важно е да ги разберете основите на секоја опција за да донесете информирана одлука.

Кредит или лизинг за нов автомобил?

Бидејќи купувањето на автомобил со готовински средства е веќе минато, многумина размислуваат за кредит или лизинг за нов автомобил. Разликата помеѓу овие две е во сопственоста на автомобилот.

Што е кредит за автомобил?

Кредитот за автомобил представува финансиски договор помеѓу лицето кое сака да купи автомобил и банката или финансиската институција од друга страна. Овој финансиски договор го обврзува заемопримачот да го врати позајмениот износ во однапред предвидениот рок и износ на камата.
Како и секој друг кредит, така и кредитот за автомобил има свои предности и недостатоци. Како добри и лоши страни на кредитите за автомобили би можеле да ги издвоиме:

Предности

• Целосна сопственост на возилото
• Без ограничувања и рестрикции во однос на километража
• Можност за користење на автомобилот како движен имот за залог за друг кредит

Недостатоци

• Високи месечни рати за отплата
• Ризик од губење на автомобилот во случај на невозможност за отплата

Доколку се работи за потреба од заем за пониска сума на пари, може да изберете потрошувачки кредит без жиранти. Во овој случај се намалува ризикот од плаќање високи месечни рати и камати кои се карактеристични за кредитот за автомобил.

Што е лизинг за автомобил?

Лизинг е финансиски договор каде компанијата за лизинг овозможува користење на автомобил до одреден временски период, при што корисникот на лизинг плаќа месечна рата за тоа. По истекот на договорот за лизинг, лицето може да го откупи возилото или да го врати.
Во овој случај, возилото останува во сопственост на компанијата за лизинг се додека корисникот не одлучи да го откупи истото по завршувањето на договорот.

Предности

• Пониски месечни рати споредено со кредит за автомобил
• Можност за замена на автомобилот со понов модел
• Без обврска за амортизација на возилото

Недостатоци

• Ограничување на километражата и дополнителни трошоци за надминување
• Автомобилот не е во сопственост на корисникот се додека не одлучи да го откупи

Клучните разлики помеѓу кредит и лизинг за автомобил

Доколку размислувате како да изберете помеѓу кредит и лизинг за автомобил, прочитајте ги следните клучни разлики меѓу овие два начина за финансирање за автомобил:

• Сопственост на автомобилот:

◦ Кредит: Веднаш станувате сопственик на автомобилот, дури и додека го отплаќате кредитот.
◦ Лизинг: Автомобилот не е ваша сопственост додека не го откупите по истекот на договорот.

• Месечни рати:

◦ Кредит: Месечните рати се обично повисоки бидејќи отплаќате целосна вредност на автомобилот заедно со камати.
◦ Лизинг: Месечните рати се пониски бидејќи плаќате само за користењето на автомобилот, а не за неговата целосна вредност.

• Рок на отплата/користење:

◦ Кредит: Рокот за отплата е обично подолг (3-7 години), што може да доведе до помали месечни рати.
◦ Лизинг: Рокот на лизинг обично е пократок (2-5 години), што овозможува честа замена на автомобилот со нов модел.

• Опции по завршување на договорот:

◦ Кредит: По завршувањето на отплатата, автомобилот е целосно ваш и можете да го продадете, задржите или користите како залог.
◦ Лизинг: По завршувањето на договорот, имате опција да го откупите автомобилот или да го вратите и започнете нов лизинг договор.

• Ограничувања:

◦ Кредит: Нема ограничувања за километражата или употребата на автомобилот.
◦ Лизинг: Често има ограничувања за километражата, што може да доведе до дополнителни трошоци ако ја пречекорите.

• Финансиски услови:

◦ Кредит: Потребна е добра кредитна историја за да добиете поповолни услови.
◦ Лизинг: Услови за одобрување обично се поповолни, но во некои случаи, иако месечните рати се пониски, вкупниот трошок може да биде поголем во долгорочен план.

• Флексибилност:

◦ Кредит: Понудата е поповолна за оние кои сакаат да го задржат автомобилот за подолг период.
◦ Лизинг: Понудата е попогодна за оние кои сакаат редовно да возат нови модели на автомобили.

Сликата е преземена од: pixabay.com / Автор: Tumisu

Како да изберете помеѓу кредит и лизинг за автомобил?

Изборот помеѓу кредит или лизинг за нов автомобил зависи од вашите лични потреби, финансиска ситуација и долгогодишните цели. Еве неколку фактори што треба да ги земете предвид при донесување на одлуката:

Дали сакате да станете сопственик на автомобилот?

Изберете кредит ако сакате автомобилот да стане целосно ваш по завршувањето на отплатата. Ова е добра опција ако планирате да го чувате автомобилот подолго време.
Изберете лизинг ако не ви е приоритет сопственоста и сакате да возите нов автомобил на секои неколку години. Лизингот е идеален за оние кои сакаат да ги избегнат долгогодишните обврски и да уживаат во новите модели.

Каков е вашиот буџет за месечни рати?

Секогаш имајте во предвид кои се трошоците за кредит и лизинг доколку имате ограничен буџет. Изберете лизинг ако сакате пониски месечни рати и поголема флексибилност во краток рок. Лизингот е идеален ако не сакате да се оптоварите со високи месечни трошоци.
Изберете кредит ако имате поголем буџет за месечни плаќања и сте подготвени да вложите повеќе во автомобилот, со цел на крајот да го поседувате.

Дали сте подготвени да се справите со ограничувањата?

Изберете лизинг ако сте во ред со ограничувањата како што се километража и потребата за одржување. Лизингот може да биде идеален за оние кои не сакаат да се грижат за долгорочната амортизација на автомобилот.
Спротивно на тоа, изберете кредит ако сакате поголема слобода во користењето на автомобилот без рестрикции за километражата или одржувањето.

Кога е подобро да земете кредит наместо лизинг за автомобил?

Кредит наместо лизинг е подобра опција доколку сакате автомобилот да биде целосно ваш, без ограничувања и дополнителни трошоци за надминување. Исто така, земањето на нов автомобил со кредит нуди поголема флексибилност со што можете целосно да го користите, изнајмувате или продавате возилото.
Доколку имате добра кредитна историја, може да добиете поповолни каматни стапки, со што кредитот за автомобил ќе биде поприфатлива и финансиски поисплатлива опција на долг рок.

Заклучок

Зависно од финансиски можности, желби и потреби, одлуката за кредит или лизинг за нов автомобил се заснова на индивидуални фактори. Кредитот ви овозможува директна сопственост врз возилото, но носи повисоки месечни рати, што може да претставува финансиска потешкотија за поединци со ограничен буџет.
Од друга страна, лизингот се карактеризира со значително пониски месечни рати, но носи и ограничувања и трошоци за прекорачување на истите. Секогаш имајте ги во предвид предностите и недостатоците на секоја опција – веруваме дека ќе ја донесете правилната одлука!

Насловна фотографија: Freepik.com / Автор: xb100

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Сподели