Шест бенда на шестиот „Андерфест“ во МКЦ

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе биде отворен вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно македонската алтернативна и рок енд рол сцената.

За 6. „Андерфест“ организаторите најавија шест добро познати бендови што ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. Ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction, и Foolish Green.

Еден од врвните приоритети на фестивалот се уште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава.

Картите може да се набават на билетарнцата на МКЦ или преку следниот ЛИНК.

Сподели