Научниците пронајдоа начин како да ги спасат мршојадците од истребување

Популацијата на египетски мршојадци во осумдесетите броела над 600 парови, а сега е сведена  само на 48 пара

Размножувањето на мршојадци во заробеништво може да ги спаси од истребување, покажува новата научна студија на Македонското еколошко друштво,објавена во научното списание Journal of Applied Ecology. Иако ваквата процедура не е доволна за одржување на популацијата мршојадци, ќе им обезбеди доволно време на еколозите да ги отстранат заканите кои ја уништуваат. Според МЕД, овие закани на Балканот се особено сериозни – популацијата на египетски мршојадци во осумдесетите броела над 600 парови, а сега е сведена само на 48 пара, според податок од 2020 година.

Научната студија укажува на фактот дека сè додека смртноста на мршојадците е во најголема мера предизвикана од човекот, реинтродукцијата (раѓање во заробеништво) дури и на 15 млади птици годишно не е доволна за одржување на балканската популација на египетски мршојадци.

– Предвидувањето на идните трендови на популацијата на египетски мршојадци е тешко, но со сигурност знаеме ако не ги намалиме заканите, надежта за прежувување на балканската популација се мали – дури и покрај фантастичната поддршка која можe да ја даде реинтродукцијата – вели Ненад Петровски, координатор на проектите за зачувување на мршојадците во Македонија.

Египетските мршојадци мигрираат околу 5.000 километри секоја година помеѓу нивните гнездечки и презимувачки територии. Овие прелети се опасни и многу птици умираат од човечки закани како криволов, непосредно труење, електоркуција и судири со електорснабдувачки инфраструктури.

Ви истражувањата се вклулени: Научниот центар за зачувување на природата на Кралското друштво за заштита на птиците во Британија, Бугарското друштво за заштита на птиците, Македонското еколошко друштво, Грчкото орнитолошко друштво, Зелените Балкани, WWF Грција, Албанското орнитолошко друштво, Заштита и зачувување на природната средина во Албанија, Зоолошката градина од Прага и Европската асоцијација на Зоолошки градини и аквариуми.

Насловна фотографија: Египетски мршојадец/Pixabay

Сподели