Владата прогласи дел од Водно за заштитетно подрачје од 5. категорија на вчерашната 99. седница. Со оваа одлука се овозможува зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности, спречување на дејства што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите, создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.
Владата донесе заклучок дека останува отворена за дебата и сугестии во однос на предлогот за донесување на lex specialis за Водно како можност за дополнително унапредување на заштитата на планината.
Насловна фотографија: Wikipedia





