Кој филм е успешен? „Фауст“ беше многу добар, освои „Златна мечка“, ама никој не го погледна

Францускиот кинематографер Бруно Делбонел годинава беше лауреат на наградата за животно дело „Златна камера 300“. Самиот скромен деновиве во Битола велеше дека уште ќе работи и дека се изненадил од признанеито. До толку е скромен што едвај сака да зборува за своите проекти. Но, многу важно, вели секој треба да е свој, не се обидувајте некого да имитирате, тоа не е возможно. Негов хит што го лансира во светската филмска индустрија во 2001 година беше „Амели Пулен.“

Како дојдовте до идејата? Како го изградивте светот на Амели?

– Секој филм е соработка на повеќе луѓе, соработка со режисерот. Соработка меѓу повеќе профили. Жан-Пјер Жене имаше визија и не бев само јас тој што се погрижи за дизајнот, тука е и костимографот. Имавме многу дискусии за да одлучиме како ќе правиме.

Париз е претставен од друга перспектива. Беше интересно да се изберат приказните.

– Монмартр беше главниот дел, а тој е многу специфичен дел на Париз. Жене живееше таму и тој знаеше кои локации ги сака. Тоа беше многу органска одлука. Неговата визија за Париз исто така. Визијата на Амели. Не се сеќавам на многу работи, сепак поминаа 25 години.

Сте работиле со многу различни режисери, како Тим Бартон, Вес Андерсон, браќата Коен… На какви филмови сакате да работите?

– Не знам што е одлучувачки. Различни работи можат да ми влијаат. Денес веќе сум привилигиран. На пример, кога браќата Коен ќе ви се јават, не сакате да им кажете не, затоа што тие се одлични режисери. Истото важи и за Тим Бартон. Ја почитувам неговата работа и сакав да работам со него. Потоа дојде „Темни сенки“ и работев со него и ми беше многу убаво. Не е дека правам големи анализи во сценариото па да размислувам дали можам да направам нешто со него. Среќен сум што имам режисери што веруваат дека можам да направам нешто. Ми се јавуваат одлични режисери и за мене тоа е авантура и јас сум среќен.

Какво е чувството да се создава магија за цел свет?

– Секогаш сум горд на моите филмови. Не се многу, 20-ина се и сите се многу различни. Но, снимате филм и после го пуштате. Многу од филмовите не ги гледате ниту цели. Сакате на луѓето да им се допаднат филмовите. Сакате филмот да биде успешен,но што е успехот воопшто. На пример, јас го снимив „Фауст“ со Александар Сокуров. Тоа беше многу добар филм, освои „Златна мечка“ во Берлин, но никој реално не го виде и тоа е жално. Но, тоа не е моја работа.

Што би му советувале на некој студент или млад кинематографер?

– Не знаеме што е добар кинематографер. Бидете свои. Не се обидувајте да ме копирате. Оти и јас не знам што правам. ДА се гледаат многу филмови е многу важно, тоа е едукација. Оти и треба да знаете кој што направил пред вас. Не треба да бидете гениј. Не знаеме ни совршенството што е. После „Фауст“, Сокуров ми рече: Знаеш, ние се обидовме да направиме нешто!

Сте работиле со многу различни режисери, како Тим Бартон, Вес Андерсон, браќата Коен… На какви филмови сакате да работите?

-Не знам што е одлучувачки. Различни работи можат да ми влијаат. Денес веќе сум привилигиран. На пример, кога браќата Коен ќе ви се јават, не сакате да им кажете не, затоа што тие се одлични режисери. Истото важи и за Тим Бартон. Ја почитувам неговата работа и сакав да работам со него. Потоа дојде „Темни сенки“ и работев со него и ми беше многу убаво. Не е дека правам големи анализи во сценариото па да размислувам дали можам да направам нешто со него. Среќен сум што имам режисери што веруваат дека можам да направам нешто. Ми се јавуваат одлични режисери и за мене тоа е авантура и јас сум среќен.

Какво е чувството да се создава магија во цел свет?

-Секогаш сум горд на моите филмови. Не се многу, 20-ина се и сите се многу различни. Но, снимате филм и после го пуштате. Многу од филмовите не ги гледате ниту цели. Сакате на луѓето да им се допаднат филмовите. Сакате филмот да биде успешен,но што е успехот воопшто. На пример, јас го снимив „Фауст“ со Александар Сокуров. Тоа беше многу добар филм, освои „Златна мечка“ во Берлин, но никој реално не го виде и тоа е жално. Но, тоа не е моја работа.

Што би му советувале на некој студент или млад кинематографер?

-Не знаеме што е добар кинематографер. Бидете свои. Не се обидувајте да ме копирате. Оти и јас не знам што правам. Дa се гледаат многу филмови е многу важно, тоа е едукација. Оти и треба да знаете кој што направил пред вас. Не треба да бидете гениј. Не знаеме ни совршенството што е. После „Фауст“, Сокуров ми рече: Знаеш, ние се обидовме да направиме нешто!

Сподели