Археолошки истражувања на наколната населба Мрдаја во Дојран

Огромно количество садова керамикa извадија археолозите на истражувања на езерската наколна населба Мрдаја во Дојран. Истражувањата почнаа пред десет дена, а ги организира Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Струмица.

– Поради високото ниво на езерото, се истражува просторот на брегот, оддалечен триесетина метри јужно од позициите истражувани од 2012 до 2014 година. Просторот кој се истражува е со димензии 10 на 5 метри, а културниот слој се појавува на длабочина од околу 1,5 метар. Низ речиси целиот ископ се појавува огромно количество садова керамика од погруби садови пред сè, садови за складирање на прехранбени продукти, но и подвижни печки – велат археолозите.

Според наодите од материјалната култура, тие населбата рамковно ја сместуваат во доцното бронзено време и преодниот период на бронзеното и железното време

Фото: Завод и музеј Струмица

Сподели