„Чудесна терапија“ на Драмски гостува во Тетово

Со претставата „Чудесна терапија“ вечерва во 20 часот во големата сала на Тетовскиот театр, ќе гостува Драмскиот театар од Скопје ќе гостува на 9. Меѓународен театарски фестивал во организација на Тетовскиот театар. „Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф Раде Василев.

Улогите ги играат актерите: Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Самарџиоска.

Драматургот Александра Бошковска вели дека: „Oваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада“. Таа додава: „Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем“.

Претставата премиерно е изведена во мај 2019 година и досега има 40-ина изведби од кои неколку на театарските фестивали Охридско лето, Рута Бриони, Гола месечина и Рута Сараево каде што поради универзалноста на темата имаше забележителни учестава на задоволство на театарската публика.

Сподели