Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денес и утре е домаќин на дводневен Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, во соорганизација со алијансите COLOURS, EUTOPIA и YUFE. Во рамки на оваа важна паневропска академско – регионална соработка ќе се одржат серија настани за идните можности и улогата на академската заедница во модерниот свет. Меѓу нив посебно место имаат актуелностите за универзитетските сојузи, универзитетските вредности и алијанси, што за УКЛО е посебен момент, бидејќи се реализира во светлината на неговата актуелна вклученост во Алијансата КОЛОРС.
Во програмата на Форумот, УКЛО одржува уште две важни случувања: промоција на мобилниот колаборативен простор (CoSpace) за размена на идеи, соработка и поврзување меѓу академијата и соработниците од бизнисот, граѓанскиот, владиниот и образовниот сектор. Колаборативниот простор ќе биде поставен за времетраењето на Форумот, на Широк Сокак, до Кино Манаки – Битола, а промоцијата се одвива денеска попладне./
На 13 септември на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи теренско истражување на тема „Туризам, активност на работен пакет 3“ од Алијансата КОЛОРС.





