Стручното образование и обука и ЕПАЛЕ – образование за возрасни беа во фокусот на состанокот на Националните агенции за европски образовни програми и мобилност на Македонија, Турција и Грција што се одржа во Атина. Вработените во трите земји преку работилници го споделуваа спроведувањето на работните програми, добрите практики, искуствата и предизвиците, но и можноста за квалитетна идна регионална соработка и вмрежување.
– Националната агенција го презентираше работењето и активностите на Националниот тим за стручно образование во рамки на програмата Еразмус+ кој е оценет со висока оценка во последниот извештај на Европската комисија – велат од Агенцијата.
Националната агенција продолжува интензивно да ја гради соработката со меѓународните партнери со цел повеќе отворени можности и квалитетно образование за сите.





