Во Скопје дел од студентите ќе мора да се снаоѓаат и со приватно сместување, зашто истовремено се реновираат два дома со поголем капацитет – „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“.
Места за вкупно 4.303 студенти во студентските домови ќе има во академската 2024/25 година, според конкурсот што вчера го отвори Министерството за образование и наука. Повикот е отворен до 31 јули и се однесува на сите студенти запишани на јавните и приватните високообразовани институции во Македонија.
Во Скопје дел од студентите ќе мора да се снаоѓаат и со приватно сместување, зашто истовремено се реновираат два дома со поголем капацитет – „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“. Познатиот „Кузман“ не прима студенти од академската 2022/23 година, а почна да се реновира пролетва, додека „Стив“ е затворен годинава, по завршувањето на академската година. За разлика од лани кога Државниот студентски дом имаше капацитет за 3050 легла, годинава тој број изнесува 2.583.
– Од обезбедените места 1.034 се за студенти од прва година, а 3.269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти. Право на прием имаат редовни студенти, македонски државјани и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години – велат од МОН.
Право на прием имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и слично, односно: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори.
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk. Рокот за пријавување на студентите од втора година и повисоките години трае до 31 јули. Рокот за пријавување на студентите од прва година че трае од 10 до 17 септември.
Повеќе информации на линкот.
Фото: Државен студентски дом





