„Монодиоптрија“ – визуелно патување низ Фестивалот на монодрамата во Битола

Изложбата „Монодиоптрија“ на фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура во Битола. Станува збор за визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година.

Изложбата се состои од 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените на фестивалот во изминатите години.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура, а партнери на проектот се Центар за култура Битола и здружението Center for European Development and Integration од Битола. Оваа изложба е увертира во 25. издание на Меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола.

Сподели