Во аулата на Ректоратот на Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамките на патрониот ден 24 Мај и одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Универзитетот беа доделени наградите на најдобро дипломираните студенти за учебната 2022/2023 година. Наградите на најдобрите студенти им ги врачи ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова. На свеченоста покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, присуствуваа и проректорите на УКИМ, генералниот секретар, претседателот на Универзитетскиот сенат и деканите на факултетите. Од името на сите добитници, говор на благодарност одржа студентката Ана Софеска, добитничка на наградата за најдобро дипломиран студент од Правенфакултет „Јустинијан Први“.
На редовните студенти од завршниот семестар во прв циклус студии со просечен успех од најмалку 8.00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофски, Економскиот, Правенфакултет „Јустинијан Први“ и Факултет за музичка уметност за учебната 2022/2023 година им беше врачена наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија.
Ова се имињата на наградените студенти:
1. Ангела Мешкова, Факултет за електротехника и информациски технологии, на студиската програма – Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија, со средна оценка 10.00.
2. Матеа Ташковска, Факултет за електротехника и информациски технологии, на студиската програма – Компјутерски технологии и инженерство, со средна оценка 10.00.
3. Дејан Радуловски, Филозофски факултет, на студиската програма – Историја, со средна оценка 10.00.
4. Деспина Буцевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, на студиската програма – Македонски јазик, со средна оценка 10.00.
5. Руфија Идризовска, Природно-математички факултет, на студиската програма – Применета хемија-аналитичка биохемија, со средна оценка 10.00.
6. Ана Софеска, Правен факултет „Јустинијан Први“, на студиската програма – Политички студии, со средна оценка 10.00.
7. Леонид Рене Томас Караџинов, Медицински факултет, на студиската програма – Општа медицина, со средна оценка 9,98.
8. Благоја Атанасоски, Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на студиската програма –Теологија, со средна оценка 9,94.
9. Виктор Мегленовски, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, на студиската програма – Софтверско инженерство и информациски системи, со средна оценка 9,90.
10. Кристина Стоиловска, Економски факултет, на студиската програма – Е-бизнис, со средна оценка 9,88.
11. Габриела Козарова, Економски факултет, на студиската програма – Маркетинг, со средна оценка 9,88.
12. Теодора Мазнева, Фармацевтски факултет, на студиската програма – Фармација, со средна оценка 9,81.
13. Виктор Игнов, Машински факултет, на студиската програма Производно инженерство, со средна оценка 9,81.
14. Марко Милчевски, Факултет за ликовни уметности, на студиската програма – Сликарство/ конзервација и реставрација, со средна оценка 9,78.
15. Ања Митиќ, Факултет за драмски уметности, на студиската програма – Драмски актери, со средна оценка 9,77.
16. Марија Митевска, Технолошко-металуршки факултет, на студиската програма – Инженерство на материјали и нанотехнологии, со средна оценка 9,74.
17. Ања Филипова, Факултет за музичка уметност, на студиската програма – Балетска- педагогија- класичен балет, со средна оценка 9,71.
18. Теа Костадинова, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, на студиската програма – Дизајн на мебел и ентериер, со средна оценка 9,70.
19. Акса Зулбеари, Градежен факултет, на студиската програма – Геодезија, со средна оценка 9,64.
20. Егзона Муртезани, Факултет за земјоделски науки и храна, на студиската програма – Квалитет и безбедност на храна, со средна оценка 9,54.
21. Мергим Фера, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, на студиската програма – Одделенска настава на албански наставен јазик, со средна оценка 9,47.
22. Јана Панчевска, Стоматолошки факултет, на студиската програма – Интегрирани студии од прв и втор циклус по дентална медицина, со средна оценка 9,46.
23. Ева Зовиќ, Архитектонски факултет, на студиската програма – Интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,38.
24. Иван Станишковски, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, на студиската програма – Екоинженеринг и екоменаџмент, со средна оценка 9,07.
25. Дамјан Наумовски, Факултет за физичко образование, спорт и здравје, на студиската програма – Физичко и здравствено образование, со средна оценка 9,06.
Студенти- добитници на наградата „26 Јули“:
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Давид Стојаноски (10.00)
Филозофски факултет
Дејан Радуловски (10.00)
Правен факултет „Јустинијан Први“
Ана Софеска (10.00)
Економски факултет
Габриела Козарова (9.88)
Кристина Стоилковска (9.88)
Факултет за музичка уметност
Ања Филипова (9.71)
Архитектонски факултет
Ева Зовиќ (9.34)





