Која е разликата помеѓу екранизам и аутизам? Колку е зачестена оваа појава кај нас, што да преземат родителите чии деца се зависни од екрани? Како да се спречат последиците? Ова се само дел од прашањата на кои се осврнува Љубица Димовска, специјален едукатор и рехабилитатор. Таа е гостинка во третата епизода на „Умен поткаст“.
– Според светски статистики 85 отсто од децата имаат уреден развој, а 15 отсто се со развојни отстапувања или попречености. Во текот на моето работење имам воочено дека во различни периоди преовладуваа различни отстапувања. На пример, пред петнаесеттина години имавме поголем број на деца со оштетен вид, но благодарение на напредокот на медицината, тој проблем е сега надминат. Исто такам порано беше поголем бројот на дечиња со хромозомопатии, првенствено Дауновиот синдром. Во последните години сè поретко ги има, благодарение на редовните прегледи во текот на бременоста. Сè уште имаме дечиња со Даунов синдром, но не во толкава фрекфенција како пред 10 години. Церебралната парализа како попреченост го има задржано истиот континуитет. Последните години воочливо расте бројот на деца кои имаат развојни отстапувања како последица на изложеност на екрани, а голем број од тие деца воопшто и немаат ризик фактор при раѓање – вели Димовска.
Гледајте ја премиерата на „Умен поткаст“ со Љубица Димовска во понеделник (20 мај) во 9 часот на ЛИНКОТ.





