Претставата „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Сценографија и костимографија се на Поплавска, изборот на музиката – на Ристо Вртев , а кореографијата – Ирена Лозинска.
Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв? – го поставува ова прашање претставата.
Улогите ги толкуваат: Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Ебру Мусли, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и
Наџије Кеч.
Претставата се изведува со титл на македонски јазик.





