„Умен поткаст“, епизода #01: Ангела Стојановска, актерка

„Умен поткаст“ е место за инспиративни луѓе и муабети. За оние поединци кои прават разлика во општеството, а не секогаш добиваат шанса за зборуваат за суштинските теми. Ентузијазмот и желбата да зборуваме за теми што и нам ни недостигаат во етерот, ги спои тимовите на Umno.mk и 101 Podcast Studio во овој проект на кој соработуваат: Зоотроп Студио, ФлатФорм Филм и Поп Фото Мк.

Наша гостинка во првата епизода е Ангела Стојановска, актерка со посебна енергија и ентузијазам за театарот. Иако се уште не е дел од ниеден ансамбл во земјава, таа има неколку претстави во Театар Комедија (Жени во народното собрание, Ревизор), како и на независната сцена. Ангела е голем поборник за да им се даде шанса на актерите што не се вработени и беше една од иницијаторите на акцијата „Аудиција сега!“. Исто така, таа го предводи и тимот што ја работи платформата за аудиодрами „Самоглас“. Дознајте повеќе за Ангела Стојановска во првата епизода на „Умен поткаст“.
Кој го создава „Умен поткаст“? Уредници се Весна Ивановска-Илиевска и Сребра Ѓорѓијевска, за режијата и монтажата е задолжен Бранко Ристовски, за камера и светло – Орце Поповски, а продукцијата е на Бранко Ристовски и Илија Тирицовски.

Сподели