Марио, Петар, Иван и Јусуф на 58. Менделеева олимпијада по хемија во Кина

Средношколците Марио Ванчоски, Петар Мирчевски, Иван Костевски и Јусуф Луш ја претставуваат Македонија на 58. Менделеева олимпијада по хемија која од 21 до 26 април ќе се одржува во Шенџен, Кина. Учениците ги предводи менторот проф. д-р Миха Буклески од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и член на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Тие го организираат нашето претставување и ги подготвуваат учениците за престиѓниот нетпревар.

Менделеевата олимпијада е важи за помалку посетена од Меѓународната олимпијада по хемија, поради тежината на проблемите и сериозноста на експерименталните задачи. Натпреварот се состои од два теоретски дела и еден експериментален. Вториот теориски дел е напредно ниво и обработува теми кои не се застапени во наставната програма по хемија за средно училиште. Сепак, во изминатоте години неколкумина наши натпреварувачи се вратија со медал од Менделеевата олимпијада.

Интернационалната олимпијада „Менделеев“ е продолжение на републичкиот натпревар кој се реализирал во рамките на поранешниот Советски Сојуз. По неговото распаѓање, овој натпревар продолжил да се одржува, но во облик на меѓународно натпреварување на кое, освен поранешните советски републики, право на учество имаат сите земји од светот, но по претходна покана од организаторот.

Сподели