Бидете волонтер на Фестивалот за илустрација и литература за деца „Литера“

За реализацијата на своето шесто издание, Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ распишува повик за волонтери. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младинскиот културен центар.

– Доколку имате волја и сакате да се дружите, ве покануваме да се приклучите на нашиот тим од 20 волонтери, на возраст од 16 до 30 години. Волонтирањето не само што ќе ви донесе неверојатно искуство, туку ќе ви пружи и непроценлива можност да се вклучите во организацијата и реализацијата на овој прекрасен настан. Ќе имате можност да се запознаете со врвни илустратори од Турција и да ја споделите вашата позитивна енергија со посетителите. Ве очекуваат четири волшебни дена во МКЦ што ќе биде средиште на сите креативни и уметнички возбуди – велат од фестивалот.

Сите заинтересирани може да пишат порака на Фејсбук-страницата на Литера.

Сподели