100 години надреализам во фокусот на „Поетска епизода #10“

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска епизода“ посветена на 100 години надреализам. Со мултимедијално книжевно читање на надреалистичка поезија и гостувања на авторите Влада Урошевиќ, Фросина Пармаковска, Иван Шопов, Дарија Јовановска, Дејвид Величковски и Јована Стаматовска ќе бидат одбележани 100-те години надреализам.

„Поетска епизода“ го организира Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Целта на настанот е да се промовираат македонските автори и поети, особено младите и нови автори. Десеттата поетска епизода ќе ја модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова. Настанот се организира со поддршка и во соработка со кафе-книжарницата „Буква“.

Сподели