Дали сте дел од 2 отсто од светската популација со повисок коефициент на интелигенција? Одговор на ова прашање може да добиете утре, на тестирањето на општата интелигенција што ќе се одржи во 11 часот во скопската гимназија „Никола Карев“. Тестирањето го организира Менса Македонија за да прими нови членови. Потребно е кандидатите да имаат полни 16 години и да уплатат 500 денари за тестирањето. Тестирањето е бесплатно за сите крводарители, па наместо доказ за уплата, потребно е да приложите крводарителска книшка.
Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни. Повеќе информации на линкот.





