Изложбата „Интимност и интерконекција“ која беше тема на годинашниот „Зимски салон“ е отворена во Уметничката галерија Безистен во Штип. Изложбата која првенствено беше отворена во Чифте амам во Скопје е една од најзначајните групни изложби која претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор.
Годинава селектор на делата е Оксана Карповец, кураторка од Украина чиј концепт претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со темата во различни ликовни медиуми. Во април излошбата ќе биде поместена во Куманово.





