Омаж за Марко Пешетели на Филолошки факултет

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска напладне ќе се одржи Омаж за Марко Пешетели. Настанот го организира Катедрата за италијански јазик и книжевност, а ќе се одржи и промоција на книгата раскази „Очи полни со жито“. Преводот е на студентите од Катедрата, а ја приреди проф. д-р Александра Саржоска.

Проф. Марко Пешетели е аташе за култура при Амбасадата на Република Италија и доктор на науки од областа на кинематографијата.

Сподели