Гевгелиската библиотека се приклучи кон иницијативата „Полска на полица“

Амбасадорот на Полска, Кшиштоф Гжелчик и неговата сопруга Јоланта Гжелчик ја посетија библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија и ја претставија иницијативата „Полска на полица“.

Во иницијативата се вклучени и библиотеките од Скопје, Охрид, Тетово, Битола и од Штип. Амбасадата донираше 50 наслови од полски автори, меѓу нив и класици, (Шенкевич, Гомбрович, Шулц, Рејмонт…), но и дела од најсовремени автори. Покрај книги за возрасни, застапени се и изданија за помлади читатели и деца, меѓу кои и книгата „Мечето Ушко“ со еден од најпознатите ликови меѓу децата од Полска и пошироко.

За возврат, директорот на библиотеката Стефан Марковски на амбасадата ù ја подари монографијата „Гевгелија – 130 години град“ и збирките поезија „Метрички карван“ кои веќе 10 години излегуваат во издание на библиотеката. Марковски и Гжелчик дискутираа и за можностите за промоција на класиците од современата полска литература, за македонско-полските врски во културата и за можностите за надминување на некои актуелни предизвици во ова поле.

Сподели