Јавен протест во траење од 30 минути денеска во 13 часот пред ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“, најавува синдикатот на штипскиот универзитет. Протестот е знак на искажување „незадоволство поради непотпишување на Колективниот договор од страна на основачот, како и против двојните стандарди, дискриминацијата и нееднаквоста на јавните универзитети во зголемување на платите“.
-Нашите активности безрезервно ги поддржа и Сенатот на УГД кој на 29 февруари донесе едногласна одлука. Мотото на протестот е „Ако бидеме сложни, резултатите се можни!“ – вели претседателот на советот на синдикатот на УГД, проф. д-р Андон Мајхошев.
Минатата недела Министерството за образование и наука соопшти дека 3.000 професори, асистенти, административни и технички лица на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе добијат за 22 отсто повисоки плати од овој месец, а ретроактивно ќе им биде исплатена и разликата за јануари оваа година.
Фото: Гоце.мк





