Книжевен клуб за деца со Ана Голејшка-Џикова

Книжевен клуб за деца предводен од инспиративната Ана Голејшка-Џикова ќе се одржи в среда во 18.30 часoт во просториите на Europe House Скопје. Работилницата е наменета за деца на возраст од 6 до 12 години. Дружењето овојпат е на убава, женска тема која ќе го разбуди детското љубопитство и желба за раскажување.

– Жената има улога на многу места, но најважна во срцето е кога е нечија мајка, баба, тетка, другарка, професорка, поштарка, готвачка… Секаде е важна! Да ја раскажеме приказната на секоја жена и да го одбележиме претстојниот празник во име на сите силни женски улоги што го прават овој свет поубав и подобар – велат организаторите.

Сите заинтересирани задолжително да се пријават на линкот.

Сподели