Бесплатна тура за културно-историските знаменитости на Скопје

Бесплатно разгледување на Скопје организира денеска Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи. Турите почнуваат во 12 и во 13 часот, а почетна точка е Спомен-куќата на Мајка Тереза.

– Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости на Скопје може да присуствуваат на турите – велат од Асоцијацијата.

Истовремено Асоцијацијата на туристички водичи ќе организира бесплатен разглед и на Охрид и Битола.

Сподели