Менса Македонија прима нови членови – бесплатно тестирање за крводарителите

Менса Македонија организира тестирање за општата интелигенција за да прими нови членови. Тестирањето е закажано за 22 февруари (четврток) во 18.30 часот, на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Ако постигнете резултат е во горните 2 отсто од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International.

Соте заинтересирани треба да имаат полни 16 години, документ за лична идентификација на самото тестирање, од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и претходно да не се тестирале повеќе од три пати. Тестирањето е бесплатно за сите крводарители.

Повеќе информации на линкот.

Сподели