Револтирани и обесправени студенти, време е да ги кренеме своите гласови и обединето да излеземе против неправдите врз нас и против неефикасното работење на Министерството за образование – велат студентите од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои денес во 14 часот ќе излезат на протест пред Министерството за образование и наука.
Многу студентски и средношколски организации, како и универзитетски собранија на другите државни универзитети ја најавија својата поддршка за студентите.
– Универзитетското студентско собрание на УКИМ, ве повикува вам, останатите Универзитетски собранија и сите останати студентски организации, да ни се придружите и достоинствено да излеземе на протест каде ќе ги искажеме горливите маки. Проблемите се многу. Сплотени, ние сме уште повеќе – велат тие.
Еве поконкретно за што е протестот:





