Од амфитеар до улица, студентите бараат системска промена, Од својата држава ли
ќе не’ бркате, Некои за парите клети, ние за идеалите свети, Министерство беа образложение – ова беа дел од пораките што можеа да се прочитаат денес на транспарентите на студентите пред Министерството за образование и наука во Скопје. Стотици студенти денеска излегоа пред ресорното министерство во знак на револт за неефикасното работење на истото. Студентите се жалеа дека им доцнат стипендии и парите за превоз, како и исплатата на субвенционираниот студентски оброк.
Во исто време, Министерството упати до јавноста дека средствата се веќе исплатени. Свирежи, памфлети, транспаренти и црвен картон му доделија на Министерството за образование за повеќе наталожени проблеми.

– Според ветувањата, средствата за стипендиите требаше да бидат легнати на средина на јануари. Покрај тоа има проблеми и со исплатата на студентскиот оброк. Следен чекор е иницијатива за воспоставување календар на активности на кои МОН ќе мора да се придржува – рече Александар Николовски, претседател на УСС на УКИМ.
Сафче Ѓошева, студентски правобранител на УКИМ истакна дека ова е протест со кој го креваат нивниот глас.
– Заедно сме и сплотени. Ги бараме промените што ги заслужуваме, и во високото образование и во средното. Бараме да не’ слушнат институциите и да го уважат нашиот глас – рече Ѓошева.
Студентите ја одбија поканата за средба со министерот, а не ја исклучуваат можноста повторно да излезат на простест.
Фото: Јутјуб-принтскрин/Канал 5





