Во Буенос Аирес промовирано шпанското издание на „Мојот маж“ на Бужаровска

Македонската авторка Румена Бужаровска нeодамна, во Буенос Аирес, Аргентина, го претстави шпанското издание на „Мојот маж“, објавено од шпанската издавачка куќа „Импедимента“, во превод на Красимир Тасев. Промоцијата се одржа во книжарницата Dain Usina Cultural пред бројна публика.

Разговорот со Бужаровска го водеше познатата новинарка, авторка и професорка Инде Помераниец, која во 2015 година беше една од организаторките на аргентинското феминистичко движење #NiUnaMenos против фемицидот и насилството врз жените.

Деновиве „Мојот маж“ е објавена и на полски јазик, во издание на Biuro Literackie и во превод на Јованка Дорота Ќириќ, а според истоимената збирка раскази атинскиот театар „Тисион“ постави претстава во режија на грчката режисерка Марија Маганари.

Сподели