Во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп вечерва во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Културолошки точки на Македонија“ од м-р Александар Јорданоски. Промотор на делото е д-р Марјан Патлиџанковски, а модератор, д-р Ели Луческа. Промоцијата ја организира Институтот за старословенска култура од Прилеп.
– Патриотизмот на денешницата нужно побарува квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето, истовремено, освојување на европските и светските уметнички сцени, европските и светските спортски мундијали, изградување општествени, економски и политички релации со светот кои значат вклучување во светскиот крвоток, но не претопувајќи во масата, ами со зачувана индивидуалност и интегритет, збогатувајќи го тој крвоток со свој печат – пишува во извадокот од книгата.





