Јапонски средношколци со порака на македонски јазик (Видео)

Ученици од средното училиште „Таканава“ во Токио, Јапонија, што го изучуваат македонскиот јазик во последните две години, упатија поздрав на македонски јазик. Тие учат за македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали.

Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор г. Томоки Аојама, а пораката ја упатија во чест на 30 години јапонско-македонско пријателство.

Сподели